Skip to main content
Хроника

По расправија маж бил физички нападнат, а потоа и удрен со возило

14/03/2026  14:59

На 13.04.2026 во 23:00 часот во с. Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Б.(18) од с. Јажинце, по претходна пријава од М.С.(22) од с. Јажинце, дека во селото пред угостителски објект, поради претходно меѓусебна расправија Б.Б. физички го нападнал, а потоа додека М.С. пеш се движел бил удрен од патничко моторно возило „опел” со тетовски регистерски ознаки управувано од пријавениот.

Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава .