Арамија во Велес фатен на дело, па ги нападнал полициските службеници

Полицијата во Велес синоќа го привела лицето А.Д. (20) кој бил затекнат при вршење на кражба во куќа на улицата „Ѓорге Органџиев“, а потоа и физички нападнал полициски службеници.

Дваесетгодишникот од Велес ги нападнал и им нанел повреди на двајцата полицајци кои го затекнале при кражбата. Тие побарале и лекарска помош во велешката болница.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот против разбојникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави