
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Кочани, каде што ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирните улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“.
Според информациите од Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Северна Македонија, при посетата Мицкоски ќе даде и изјава за медиумите.
Во рамки на агендата, премиерот ќе изврши и увид во градежните работи на мостот на Кочанска Река, кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“.
Посетата во Кочани ќе продолжи и со увид во изградбата на дел од потисниот цевковод, на потегот од јазол до изливниот базен на препумпната станица од водоводниот систем.


