Search

Независниот пратеник Рамчиловиќ со повик до Бошњаците: Гласајте за Петре Шилегов

По јавната поддршка од бошњачката партија СДА и претседателот Џелал Хоџиќ за градоначалникот Шилегов и нов мандат во следните четири години, своја јавна поддршка објави и независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ којшто ги застапува Бошњаците во македонскиот парламент.

„Драги пријатели, почитувани Бошњаци, како пратеник во парламентот, а со тоа и јавна личност, јас сум секогаш транспарентен во својата работа и така ги изнесувам моите ставови. Во оваа прилика сакам да ве поканам на 31.10.2021 г. во сите општини каде што има втор круг, да излезете на гласање и да ги поддржете кандидатите на СДСМ и Коалицијата. Ова особено важи за вас кои живеете во Скопје, нашиот главен град каде што изборот на градоначалник е важен не само за вас кои живеете во него туку и за сите нас, за целата држава и насоката во која ќе се движи напред“, пишува пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

„Пред четири години се прашував како Петра Шилегов ќе го води овој град. Сега знам, Петре со својата работа покажа дека знае кои се приоритетите на граѓаните и ги решава. Петре покажа дека е градоначалник на сите, тој е и наш градоначалник. Вие најдобро знаете и знам дека кога ќе излезете да гласате, вашиот глас ќе го дадете за Шилегов и нема да дозволите друг да одлучува за вас! Вашиот глас за Петре Шилегов е глас со кој сите граѓани ќе бидат подеднакво важни, а Скопје ќе продолжи да се гради и развива во модерна европска метропола! Да се обединиме, нека оди Скопје напред!“ се вели во јавната поддршка на Зеќир Рамчиловиќ.https://www.facebook.com/1162878827122254/posts/4447690535307717/?d=n

Треба да знаете
Последни објави