Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Миграција има само од СДСМ кај други политички опции, тоа ги сведе на околу 100.000 гласови

09/03/2026  13:06

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

СДС никако не успева, никако да се консолидира како сериозен политички субјект во земјава и да почне да води одговорна и рационална политика.

Водат политика која се темели врз наративи изградени на дезинформации, некои нивни конструкции кои ги смислиле за да може да манипулираат во јавноста и цело време да ги извртоперуваат фактите.

Неодамна СДС и Венко Филипче водеа една агресивна кампања и во јавноста пласираа тврдења дека Македонија наводно ќе стане камп за мигранти од Велика Британија, а реториката имаше за цел да предизвика паника и несигурност кај граѓаните.

Овие наводи беа експлицитно демантирани од сите релевантни институции во државата, а исто така британската дипломатија изнесе јасен и недвосмислен став по истото, и потврди дека не постел ниту пак постои било каков план за мигранти во Македонија.

Оваа Влада се обидува да ги санира катастрофалните штети кои СДС и ги нанесе на Македонија на секое поле, оваа Влада се труди да им обезбеди подобро утре на граѓаните на Македонија.

Во тој контекст, Стратешкиот Договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство е значаен дипломатски и економски чекор и е највисок чин на меѓусебна доверба.

Договорот не е само што е формален акт на билатерална соработка, но и ја позиционира Македонија во кругот на интересите на една од највлијателните политички и економски сили во светот, и овозможува инвестициски циклус, особено во клучните сектори како инфраструктурата, транспорт, здравство и железница.

СДС преку нивните фабрикувани вести се обиде да го претвори ова во предмет на манипулација и да создаде некаков си впечаток дека постои некој таен договор.

Шпекулациите беа јавно демантирани и од страна на британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.

Сите ги демантираа СДС, но очигледно и цел свет  да ги соочи со фактите, тие ќе продолжат да се однесуваат несериозно и да се водат по нивната лажна теза, преку која се обидуваат да ја манипулираат јавноста и да ја доведат во заблуда.

Така СДС и Венко Филипче се грижат за граѓаните, ги лажат свесно, се обидуваат да ги изманипулираат и  да предизвикаат паника, затоа се сведени на околу 100.000 гласови.