Skip to main content
Свет

Турција испраќа борбени авиони на турскиот дел од Кипар

08/03/2026  17:05

Турција ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 на Кипар утре, со цел да ја поддржат безбедноста на турскиот дел од островот во услови на конфликт на Блискиот Исток.

Вршителот на должноста директор на воздухопловните власти на кипарските Турци, Аксин Месели изјави дека бројот на борбени авиони е зголемен на шест и оти се очекува да пристигнат во понеделник раните утрински часови.

Нивното распоредување доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран и откако Кипар беше погоден од ирански беспилотни летала лансирани од Либан.