
Глобални почести по повод Меѓународниот ден на сеќавање на загинатите полициски службеници.
Денес на 7 март, светот ќе застане им оддаде почит на полициските службеници кои ги загубиле животите при извршување на службената должност, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на загинатите полициски службеници (RFO) од страна на INTERPOL
Илјадници полициски службеници ширум светот секоја година ги губат своите животи при извршување на своите должности, што ги нагласува ризиците со кои секојдневно се соочуваат припадниците на органите на прогонот.
Глобален поздрав во сината боја на INTERPOL
Овогодишното одбележување ќе биде обележано со впечатлива глобална почит. Во самрак на 7 март, земјите членки на INTERPOL се повикани да ги осветлат полициските седишта, локалните станици и некои од најпрепознатливите светски знаменитости во сино.
Од мостови и споменици до меморијали и локалитети под заштита на UNESCO, градските хоризонти ќе се претворат во симболи на единство и сеќавање, додека одбележувањето ќе се пренесува низ различни временски зони.
Исто така вечерва, една од зградите на министерството за внатрешни работи беше обоена во сина боја како знак на почит на македонските и сите полициски службеници кои го загубиле животот извршувајќи ја својата должност.
Церемонии и чин на сеќавање
Дополнителните активности по повод овој ден вклучуваат спуштање на знамињата на половина копје, носење сини ленти, полициски комеморативни служби и моменти на молк, додека заедниците и институциите им оддаваат почит.
По тој повод денеска Секторот за меѓународна полициска соработка на Бирото за јавна безбедност при МВР, во придружба на полицискиот аташе на Република Словенија, спроведе меморијален марш од кругот на министерството на внатрешни работи до врвот на Водно, носејќи го споменот на полициските херои кои не се веќе со нас.
Овој ден кој се одбележува секоја година, ги обединува полициските служби, службениците, семејствата и заедниците од различни континенти и временски зони во заеднички момент на размислување, солидарност и почит кон жените и мажите во полициската служба кои ги загубиле своите животи штитејќи ги своите заедници и владеењето на правото.
Во наредните недели, INTERPOL ќе споделува фотографии и приказни од целиот свет, додека глобалните одбележувања на 7 март ќе се одвиваат, како и размислувања од полициски службеници ширум светот за тоа што за нив значи полициската служба, објавени преку социјалните мрежи на INTERPOL.

