
Израел тврди дека командандот на Хамас е убиен. Станува збор за Васим Аталах Али, задолжен за обука на борци во таа земја кој според нив загинал при воздушен напад во Триполи.
Во соопштението на израелската војска, се вели дека Али бил одговорен за обука и воени вежби за вооружените крила на Хамас во Либан и бил опишан како оперативец кој „промовирал терористички напади што би ги загрозиле израелските цивили и припадниците на израелските одбранбени сили“, објавува Ал Џезира.
Војската во објава на Телеграм соопшти дека поморските сили учествувале во операцијата, која го извршила нападот во кој бил убиен Али, обвинувајќи го за обука на борци на Хамас.
Хамас сè уште не ги коментирал обвинувањата.
Во меѓувреме, проиранската милитантна група Хезболах разменува нови напади со Израел, по ескалацијата на регионалните конфликти.
Израелската војска, исто така, објави дека ги проширила нападите врз либанска територија, каде што денес беа убиени најмалку десет лица, според достапните податоци.
На жителите на јужните предградија на Бејрут, на кои претходно им беше наредено да се евакуираат, им беше кажано да се засолнат кон Триполи.

