Skip to main content
Свет

Се шири ли војната кон Европа? САД го повлекуваат персоналот од амбасадата на Кипар

04/03/2026  10:50

Стејт департментот на САД им одобри на американските владини службеници кои не се ангажирани во итни задачи, како и на нивните семејства, да го напуштат Кипар, поради зголемените безбедносни ризици поврзани со војната со Иран.

Одлуката е донесена по проценка на безбедносната ситуација во регионот, а американските власти предупредуваат дека амбасадата на САД во Никозија има ограничени можности да им помогне на американските државјани, особено во деловите од островот кои се под турска управа.

Според информациите на американските медиуми, мерката е превентивна и е поврзана со ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, што ја зголемува безбедносната неизвесност во источниот Медитеран