Skip to main content
Македонија, Хроника

Уште една жена ќе биде ексхумирана во истрагата против 25-годишниот убиец од Куманово

02/03/2026  16:46

ОJO Куманово ја прошири истрагата против 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино, постојат докази дека тој стои зад уште едно свирепо убиство.

Обвинителот Љубомир Лапе информираше дека втората жртва е жена родена 1989 година, која била нападната во нејзиниот дом во текот на јануари. Форензичките наоди дефинитивно го поврзале осомничениот со ова дело.

„Поради суровоста и бројот на делата, на осомничениот му се заканува доживотен затвор“, појасни обвинителот Лапе.

Дополнително, Обвинителството најави дека во наредните денови ќе биде извршена ексхумација на телото на уште една повозрасна жена. Инспекторите се сомневаат дека и таа е жртва на 25-годишниот Т.Б.

Во моментов се чека на резултатите од психијатриското вештачење на осомничениот. Овој процес треба да утврди дали тој бил пресметлив во моментот на извршување на делата, како и да ги открие мотивите за серијата убиства.