Skip to main content
Македонија

(Фото) Очевидец за трагедијата во Карпош: Жената стоела на балкон со детето и се расправала

02/03/2026  15:46

Тежок трагичен настан го потресе Скопје попладнево, откако жена на возраст од околу 35 години и девојче на возраст од околу 8 години го загубија животот по пад од станбена зграда во населбата Карпош дознава за 24 инфо.

Според првичните информации, трагедијата се случила околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде двете лица паднале од балкон на шести кат. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај жената и детето.

Екипи на Брза помош и полицијата биле упатени на местото на настанот, а во тек е увид со цел утврдување на сите околности под кои се случил немилиот настан.

Според изјава на очевидец, жената, непосредно пред трагедијата стоела на балконот држејќи го детето во раце и се расправала со лице кое се наоѓало во станот. Очевидецот посочил дека не видел што точно се случило потоа.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата, по што се очекуваат повеќе официјални информации за случајот.