Skip to main content
Македонија

Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на 18 повредени од пожарот во „Пулс“

02/03/2026  16:06

Вкупо 11.200.000 денари беа исплатени на 18 лица – настрадани во пожарот во ,,Пулс” од Црвениот Крст на Македонија. Последната исплата од собраните средства се изврши на 27 февруари 2026 на 18те лица поделени во две групи.

-Со оваа исплата, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност достигнува 164.744.901 денар. Со цел обезбедување транспарентност и отчетност, Црвениот крст подготви Извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на Црвениот крст, информираат оттаму.

Во тек е подготовка на финален извештај кој ќе го опфати и преостанатиот период, а истиот ќе биде објавен до 15 март годинава.

Од организацијата упатија благодарност до сите донатори кои придонесоа за мобилизирање на хуманитарната поддршка за настраданите и нивните семејства.

-Црвениот крст продолжува со активности на терен, со посебен акцент на обезбедување психолошка поддршка преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка, велат од Црвениот крст.