Skip to main content
Хроника

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер

02/03/2026  14:21

Полицијата денеска информира за два случаи на насилтво врз жени. 

На 01.03.2026 во 21:20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Н.(40) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.