Skip to main content
Спорт

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

02/03/2026  13:11

Македонските карате репрезентативци, членови на клубот Макпетрол освоија четири медали на Балканскиот шампионат за сениори/ки кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Четирите одличја се бронзени, две се од поединечните настапи, и два медала освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција.

Носители на медали се: Јована Мицовска-61 кг; Викторија Јовановска-61 кг бронзен медал; Викторија Јовановска екипно тим бронзен медал; Јована Мицовска екипно тим бронзен медал. Екипно медали освоија и Рудина Алиу и Наталија Карова.

– Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество зедоа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Сакам да истакнам дека ние како клуб имаме многу поголем потенцијал и можности за поголеми резултати, истакна тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, кој воедно беше и натпреварувач

На Блаканското првенство учествуваа 313 каратисти со 343 натпреварувачки влезови од 11 држави.