
Во израелскиот напад врз женското училиште во иранскиот град Минаб, најмалку 43 ученички беа убиени, а 63 беа ранети, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Гувернерот на покраината Минаб, Мохамед Радмер, потврди дека училиштето Шаџареја Тајабех било директно нападнато и дека неколку ученици биле убиени.
Тој рече дека се во тек спасувачки и помошни операции, додавајќи дека безбедносната ситуација во градот е под контрола.
Иранската агенција ИРНА првично објави дека израелски напад погодил основно училиште за девојчиња во Минаб, град во јужен Иран, при што загинале пет девојчиња.
Израел и САД започнаа ракетен напад врз Иран во саботата наутро. Техеран одговори со гаѓање на Израел и американските бази на Блискиот Исток.

