
На 27.02.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош била пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание.
Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош, а кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, а со неа бил и П.С.(18) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.


