Skip to main content
Скопје

Меџити: Чаир ги отвори вратите со почит за Претседателот Бајрам Бегај

26/02/2026  16:03

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес го пречека Претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бајрам Бегај, во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија, при што Чаир беше првата точка од оваа државна посета.

Посетата започна со институционален прием во просториите на Општина Чаир, каде што се одржа средба во духот на меѓусебно почитување и соработка. Во продолжение, програмата беше насочена кон историската и културната симболика на Старата чаршија, кулминирајќи со свечено положување цвеќе пред споменикот на националниот херој Ѓорѓ Кастриот – Скендербег.

„Денес Чаир покажа институционално достоинство и традиција на гостопримство. Оваа посета ја потврдува нашата блискост со Албанија и посветеноста за продлабочување на соработката на сите нивоа,” истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.