Skip to main content
Хроника

Камион прегази крава на патот Крива Паланка – Куманово, возачот избегал

26/02/2026  11:23

Во ОВР Крива Паланка вчера во 18:00 часот било пријавено сообраќајно случување на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на село Жидилово, при што товарно моторно возило удрило во домашно животно.

Според информациите од полицијата, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С. (59) од Бугарија, удрило во крава која се движела на патот. Од ударот животното починало на местото на настанот.

По несреќата, возачот го напуштил местото со возилото, но по преземени полициски мерки бил пронајден. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а се работи на целосно расчистување на случајот.