Skip to main content
Балкан

Земјотрес во Албанија

24/02/2026  20:41

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтерова скала вечерва е регистриран во Албанија. Потресот бил почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид.

Земјотресот е регистриран во 20:06 часот, на длабочина од 13 километри. Во истите податоци се наведува дека епицентарот бил на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.

Засега нема информации за причинета материјална штета. Надлежните служби не соопштија податоци за повредени лица, а потресот во делови од западна Македонија бил почувствуван како пократко затресување.