Skip to main content
Хроника

Битолчанец се обидел да ги убие сопствените деца, а потоа нападнал и полицајци

24/02/2026  14:24

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.

Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.