Skip to main content
Хроника

Кривична за жена од Делчево, нападнала дете кое си играло со нејзиниот внук

24/02/2026  14:01

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А.(64) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”.

На 06.02.2026 во двор од семејната куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник , кој си играл со нејзиниот малолетен внук.