Skip to main content
Култура

Традиционални танци, храна и интерактивни работилници дел од „Кинески пролетен фестивал“

24/02/2026  09:19

Традиционални танци, храна и интерактивни работилници се дел од денешниот настан „Кинески пролетен фестивал“, чија цел, како што појаснија организаторите, е доближување на богатата кинеска култура и традиција до учениците.

Настанот е во организација на Меѓународното училиште НОВА – Скопје, Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија и Институтот „Конфучие“.

Предвидено е обраќања да имаат амбасадорката Џијанг Сјаојан и директорот на училиштето, Иван Новаковски.

– Амбасадорката ќе ги посети учениците од Едукативниот центар за ран развој, по што ќе им се обрати на учениците од останатите одделенија. Во рамки на настанот, предвидени се предавања, изведби на традиционални кинески танци, но и вовед и интерактивни работилници за калиграфија и церемонијално пиење чај. Учениците, исто така, ќе имаат и можност да вкусат и типична кинеска храна, се наведува во соопштението на Меѓународното училиште НОВА.