Skip to main content
Скопје

Без вода утре неколку улици во близина на Макпетрол во Кисела Вода

22/02/2026  17:06

ЈП Водовод и Канализација известува дека утре поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм, во близина на Макпетрол, во периодот од 09.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. Христо Татарчев лоцирани на потегот од ул. Народни Херои до ул. Франк Харкорд-Манинг, во општина Кисела Вода.

Прекинот ќе трае се до завршувањето на работите.