Skip to main content
Свет

(Видео) Инфлуенсер во Виена фрли 10.000 евра од балкон, предизвика хаос на улицата

22/02/2026  11:39

На една од главните улици во Виена, Маријахилфер Штрасе, инфлуенсерот Максимилијан Вајсенбек, познат како МаксаМилион, фрлил 10.000 евра, предизвикувајќи врева меѓу толпата собрана под неговиот балкон.

Стотици млади луѓе се туркаа и бркаа по банкноти, а некои се лизгаа по снегот.

Настанот беше промоција на неговиот бренд Gamechanger Socks , но се претвори во врева што ги шокираше минувачите.