Одлука на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата
одржана на 17 февруари 2023 година, врз основа на примена жалбa од „ЈП ЛАЈКА“ за
интернет – порталот „24 инфо“ (www.24info.mk), ја донесе следната:

О Д Л У К А
Интернет – порталот „24 инфо“ (www.24info.mk), со текстот насловен “ЈП Лајка се
претвори во касапница: Кременадли од кучиња, полови органи и хируршки
интервенции од нестручни лица”, го прекрши Кодексот на новинарите на Македонија во
членовите 1 и 13 .

ЖАЛБА
До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија, на 10 декември
2022 година, „ЈП ЛАЈКА“ поднесе жалба за текстот со наслов “ЈП Лајка се претвори во
касапница: Кременадли од кучиња, полови органи и хируршки интервенции од нестручни
лица”, објавен на 7 декември 2022 година, на интернет – порталот „24 инфо“ (www.24info.mk).
Комисијата за жалби констатира дека согласно правилникот за работа жалбата е поднесена
во рок од 30 дена откако е објавен новинарскиот текст но дека истата наместо во инбокс
пристигнала во спам фолдерот на официјалната меил адреса, при што извршната
канцеларија немала навремена реакција во однос на постапување на жалбената постапка.
Затоа жалителот беше приморан дополнително на 1 февруари да ја испрати истата жалба до
СЕММ, со соодветни докази за претходното испраќање на жалбената документација во
декември 2022 година.

Во поднесена жалба се наведува дека објавената вест е тенденциозна и со цел да ја донесат
во заблуда јавноста, а воедно да му наштетат на угледот на
„ЈП Лајка“. Жалителот смета дека интернет – порталот „24 инфо“ неосновано користи
фотографии со цел да шпекулира, ја доведува јавноста во заблуда и трајно го наштетува
угледот на претпријатието Лајка.
Исто така, интернет – порталот еднострано ја обработува оваа сензитивна тема, бидејќи ЈП
Лајка во ниеден момент не била контактирана да го докаже спротивното, и исто така пласира
во јавноста констатации за вработените во ЈП Лајка и претпријатието кои што во целост се
невистинити. Жалителот укажува дека текстот придонесува вработените да бидат изложени
во јавност и да бидат мета на осуди, клевети и закани, со што истите претрпуваат душевна
болка и страв по својата безбедност и живот.

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ
Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на
Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со интернет –
порталот „24 инфо“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата.
Медиумот одговори на наводите на жалителот дека делумно ја прифаќаат жалбата од
„Јавното претпријатие за третман на улични кучиња – Лајка” за текстот со наслов „ЈП Лајка се
претвори во касапница: Кременадли од кучиња, полови органи и хируршки интервенции од
нестручни лица”, објавен на интернет порталот „24 инфо.мк”, на 07.12.2022 година. Во текстот
не е пренесен ставот на „Лајка“ но објавен е демант на истиот, истиот ден, но медиумот не
поднесе доказ (скриншот) дека демантот е објавен.

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ
Комисијата за жалби утврди дека жалбата е ОСНОВАНА и дека Кодексот на новинарите на
Македонија е прекршен во членовите 1 и 13.
Член 1: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што
се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема
да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата
не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа
треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку
што е тоа можно.
Член 13: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и
коментарот.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА
На седницата на одржана на 17 февруари 2023 година, членовите на Комисијата за жалби ги
разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина.
Текстот под наслов “ЈП Лајка се претвори во касапница: Кременадли од кучиња, полови
органи и хируршки интервенции од нестручни лица” се базира на фотографии добиени од
социјалните медиуми и на сознанија кои тие ги имаат но без да се наведе изворот. Се
коментираат фотографиите и врз основа на тоа се вадат заклучоци наместо да се праша „ЈП
Лајка“ за истите, и исто така не јасно дали се работи за вест или за коментар.
Текстот не постои на наведениот линк посочен од жалителот што значи дека истиот е
избришан. Според насоките за етичко известување на онлајн медиумите во делот за примена
на член 1 се наведува дека онлајн медиумите ќе известуваат само врз основа на факти чие
потекло му е познато на новинарот, повикувајќи се на различни извори на информации и, по
правило, потпирајќи се на јасно идентификувани и веродостојни извори.
Исто така, медиумите нема да објавуваат неточни, пристрасни или манипулативно
обликувани текстови, фотографии или други содржини со кои читателите намерно се
доведувaат во заблуда, и ќе настојуваат секогаш да го наведат изворот на информацијата со
конкретно и прецизно упатување на тој извор при користењето информации добиени од
социјалните мрежи, од веб-страници, блогови или други извори на интернет, како и
внимателно ќе ја проверат нивната веродостојност и кредибилност.
Воедно, нема да прават измени на веќе објавени информации на начин со кој што
ќе се промени нивното изворно значење, контекст или приказ. Измената на објавената
содржина е прифатлива исклучиво со назнака за причината и времето кога е таа направена.
Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2
1000 Скопје, Македонија
www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595
Според насоките за етичко известување на онлајн медиумите во делот за примена на член 13
се наведува дека онлајн медиумите јасно ќе ги одвојуваат и означат коментарите од другите
новинарски содржини, при известувањето за секоја тема или прашање, ќе настојуваат да
придонесат за подобро нејзино разбирање, преку внимателно разгледување на фактите и
преку нивно соодветно поврзување, со цел да се претстави целосниот контекст и различните
агли и гледишта на темата.

Треба да знаете
Последни објави