Насилно влегол во џамија и украл пари, фатен крадец во Ресен

Синоќа во 23.25 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.Ф.(68) од Битола.

Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кражба“ во џамија на ул.„Таше Милошевски“, каде што влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел пари.

Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата.

Лицето, како што соопшти полицијата, било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави