Skip to main content
Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

17/02/2026  21:27

Се укина забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража и обратно. Сообраќајот се одвива непречено од 17:20 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.