Skip to main content
Свет

Три лица загинаа во експлозија во зграда на воената полиција близу Санкт Петербург

17/02/2026  20:31

Три лица загинаа во експлозија во објект на воената полиција во северна Русија, во близина на Санкт Петербург, соопштија локалните власти.

Телата беа пронајдени под урнатините на делумно уништената зграда во градот Сертолово, објави гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм.

Медиумите јавуваат дека повеќе лица се повредени, а експлозијата била толку силна што се слушала на неколку километри, пренесе DPA.

Причината за експлозијата засега е непозната. Истражниот комитет започнал истраги за можна небрежност и прекршување на правилата за заштита од пожари.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред речиси четири години, украинските разузнавачки служби редовно извршуваат напади во Русија, главно насочени кон воени цели.