Skip to main content
Свет

Висок ризик од лавини во Алпите: повеќе жртви во Франција, Австрија и Германија

17/02/2026  19:50

Ризикот од лавини во европските зимски спортски центри останува висок поради обилните снежни врнежи, соопштија властите во Швајцарија Австрија”, Франција и Германија.

Во швајцарскиот кантон Вале денеска наутро е прогласено највисокото ниво на предупредување за лавини – Ниво 5, додека низ алпскиот регион останува во сила Ниво 4, објави WSL Институт за истражување на снег и лавини.

Во западна Австрија, на надморска височина над 1.800 метри е пријавен висок ризик од лавини, особено поради новиот снег и снежните наноси предизвикани од ветерот во Форарлберг и делови од Тирол. За некои региони се очекуваат дополнителни обилни врнежи оваа недела.

Италијанските планински спасувачи апелираат за голема претпазливост во Пиемонт, долината Аоста и Јужен Тирол, додека во Франција Météo France информира за висок, но полека намалувачки ризик од лавини. Патиштата и инфраструктурата во повисоките региони се особено загрозени.

Во јужните Татри е прогласен Ниво 3 за лавини, со опасни услови над шумската граница. Во германските Алпи, новиот снег го зголеми ризикот од лавини – еден скијач загина во Алгој, а властите издадоа предупредувања Ниво 4 и 5. Германија исто така предупреди за опасност во Шварцвалд, особено околу Фелдберг, близу швајцарската граница.

Во последните денови, несреќи беа забележани и во Франција и Австрија: тројца скијачи кои ја игнорирале сигнализацијата за лавини загинаа во француските Алпи, тројца загинаа во долината Аоста, а двајца австриски сноубордери загинаа во Тирол, пренесе DPA.