
Поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, остануваат во притвор откако Кривичниот совет го одби барањето на одбраната за нивно ослободување. И покрај тоа што адвокатите понудиле имотна гаранција повисока од 350.000 евра, судијката Славица Наумова-Јосифовска оценила дека нема изменети околности и дека и понатаму постојат законските основи за притвор.
Од судот дополнително информирале дека во оваа фаза немаат надлежност да одлучуваат по понудената гаранција и ги упатиле странките до Советот што го потврдил обвинението. Така, двајцата обвинети во случајот „Онкологија 2“ остануваат во истражниот затвор до понатамошна одлука.


