Skip to main content
Хроника

Повредени три лица во сообраќајна несреќа на автопатот Миладиновци-Штип

17/02/2026  15:49

На 16.02.2026 во 16:50 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(51) од Штип и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Грчец, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „опел“ и неговиот сопатник Е.В.(34) од с.Грчец, скопско, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.