Skip to main content
Економија

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми

17/02/2026  15:26

Вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110 839 метри кубни во четвртото тримесечје од 2025 година. Во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто, информира Државниот завод за статистика.

Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107 718 метри кубни и бележи зголемување од 11,9 проценти.

Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото дрво, исто така и кај огревното дрво кое има најголемо учество во вкупното зголемување.

Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво, како и кај просторното.