Skip to main content
Балкан

ЕУ против камионџиите: Следуваат нови блокади на границите?

16/02/2026  09:57

Претставници на транспортните компании од земјите на Балканот соопштија дека нивните барања не биле прифатени од страна на институциите во Брисел, по што најавија можни протести и блокади на граничните премини и пристаништата во регионот.

Превозниците реагираат на, како што велат, нерамноправниот третман и ограничувањата што ги трпат при транспорт на стоки кон земјите членки на Европска Унија. Тие посочуваат дека новите регулативи и административни процедури создаваат дополнителни трошоци и доцнења, што директно влијае врз нивната конкурентност.

Од здруженијата најавуваат координирани активности, вклучително и можни блокади на клучни гранични премини и пристаништа, доколку не се отвори простор за нови разговори и компромисно решение. Според нив, мерките ќе бидат временски ограничени, но доволно видливи за да го привлечат вниманието на европските институции.