Skip to main content
Македонија

Укината забраната на патниот правец село Лисец – Попова Шапка

15/02/2026  17:40

Забраната на патниот правец село Лисец – Попова Шапка од 16:45 часот е укината, информираат од АМСМ.

На регионалниот пат Кичево-Гостивар, кај влез за с.Колари сообраќајот е пуштен и се одвива нормално во двата правца.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.