
Марко Бислимоски денеска поднел оставка од функцијата претседател на РКЕ, објави Дојче веле.
Како што пишува Дојче веле, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднел оставка.
Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година. Во оставката не ги навел причините за повлекувањето.
За причините засега може само да се шпекулира, доколку се има предвид дека вториот петгодишен мандат на Бислимоски завршува во јуни 2028 година.
Пред нешто повеќе од две недели, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски поради сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластување.

