Skip to main content
Свет

Европол заплени фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра

11/02/2026  20:55

Во голема акција на Европол, откриени и конфискувани се фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра. Операцијата се спроведувала во повеќе земји, вклучувајќи Австрија, Бугарија, Германија, Италија, Холандија, Србија, Велика Британија и САД.

Полицијата и царината задржале голем број пратки испратени по пошта, при што 90% од нив потекнувале од Кина. Покрај евра, откриени се и фалсификувани долари, фунти и швајцарски франци. Во текот на шестмесечната акција, од јуни до ноември минатата година, запленети се 223.000 фалсификувани банкноти во 79 пакети.