
Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска остро реагираше на изјавите и обвинувањата упатени од претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оценувајќи дека во јавноста се прикажува негово однесување кое, како што вели, „го разоткрива лицемерието на синдикалниот водач“.
,,Целта е да се прикаже на јавноста како овој “волк” изигрува јагне, “бранејќи” ги правата на работниците или во превод: разоткриено е целото лицемерие на “водачот” .Јавните личности треба да се подготвени на секакви видеа и фотографии. Тоа е “цената” која секоја јавна личност знае како и колку ја “плаќа”.Секако, не мислевте дека ние, како пратеници, немо ќе гледаме како “со сите средства” поддржани од вашите политички ментори СДСМ и Левица, вршите притисок врз мнозинството и промовирате идеологија од минатото, каде државата или законодавецот се става над приватната сопственост.Што се однесува до видеото, можеби да е и од некој незадоволен работник од “штитењата” на Трендафилов?!?” – вели Стојановска.
Во реакцијата, таа посочува дека видеото кое циркулира во јавноста се однесува на користење на службено возило на ССМ, нагласувајќи дека малолетните деца не се цел на објавата и дека нивниот идентитет е прикриен.
,,Што се однесува до мојата реакција на неговата изјава (закана): Почитувам закони и Устав! Нека се постапи согласно законите и да видиме кој тоа е виновен?!? П. С. Да наречеш пратеничка (која предводеше листа на последните парламентарни избори која освои 21.622 гласови) монструм, не само што е напад врз жена, туку е напад и врз 21.622 жители на ИЕ 6. П. П. С. “Јагнето” Дичо за истите тие избори се фалел дека “вредел” околу 7-8.000 гласа (а, вчера беа само 50 ина на “блокадите”) и дека сите ги убедил да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија. П. П. П. С. Ако сака да ја продолжи “битката” со мене, го чека ДАФИНА … – истакна Стојановска.


