Skip to main content
Свет

„Хајнекен“ укинува работни места поради намалената побарувачка за пиво

11/02/2026  19:22

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ најави укинување на 6.000 работни места ширум светот и ревидирање на прогнозата за раст на профитот за годинава. Компанијата, која вработува 85.000 луѓе, предвидува годинава профитот да порасне од 2 до 6%, наместо претходно најавените 4–8%.

Причина за тоа е намалената побарувачка на пиво на глобалните пазари. Новата стратегија на „Хајнекен“ до 2030 година се фокусира на поголем раст со помалку ресурси.