Полицијата вчеравечер приведе двајца тинејџери кај кои била пронајдена марихуана.
„Вчера во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(19) и С.К.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.