Skip to main content
Македонија

СДСМ: Каде е др Жан?

11/02/2026  15:12

После измислените црни кампањи против претедателот Филипче, со исмилесни зграда во Дубаи, златни визи, Венеција, скијање и скокови во далечина, следеше неколку неделна црна кампања осмислена од ВМРО а пласирана од ВМРО-Орбан медиумите преку др Жан и Алфа телевизија која служеше како дефокус од одлуката за носење 10.000 „економски работници”. 

Од тоа нема ништо. И денеска на сите им е јасно.

А го нема ниту д-р Жан да отиде до обвинителството и да пријави. Го чекавме тој чекор за да поднесеме кривична пријава. Ама го нема.

Сега, кога нема одговор за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога која преку Македонија завршила во Србија, има нова секојдневна кампања за 100 тони како дефокус. 

Плус, повторно ВМРО-Орбан медиумискиот октпод пласира кампања за Катица против предметите на СЈО за две работи како дополнување на дефокусот од 5 тони, но и како подготовка за доаѓањето на Груевски.

Така изгледа секојпат кога сакаат да ги тргнат очите на јавноста од најважната тековна работа: шверц на 5 тони дрога преку македонската граница вредна 40 милиони евра.

Класичен деофкус за покривање на државниот криминал што го прави ВМРО.