Skip to main content
Македонија

Кривична пријава за поранешен министер за култура

25/11/2024  13:39

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово  поднесе кривична пријава против Х. И. поранешен министер во  Министерството за култура  , поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

Пријавениот Х. И.  во својство на службено лице-  министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти.

Со горенаведените дејствија, пријавениот Х. И.  предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.