Skip to main content
Свет

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

25/11/2024  11:48

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека против лидерите на Израел треба да се изрече смртна казна, наместо налози за апсење.

– Тие издадоа налог за апсење, но тоа не е доволно. Треба да се изрече смртна казна за овие криминални лидери, рече Хамнеи, мислејќи на израелските лидери.

Изјавата на Хамнеи доаѓа по објавата на Меѓународниот кривичен суд за налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, како и на еден од лидерите на Хамас, Ибрахим Ел Масри, за кого се верува дека е мртов.