Османи преку телефонски разговори упати пораки на сочувство до Дендијас и Грција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод трагичната железничка несреќа, која изминатата ноќ се случила во близина на градот Лариса, Грција, оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас,

Во разговорот со министерот Дендијас, Османи изрази жалење за високата загуба од над 30 патници, како и големиот број повредени граѓани. Преку Министерот Дендијас, Османи упати и пораки на сочувство до семејствата и роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Османи го информираше својот колега, дека како непосреден сосед, Република Северна Македонија е подготвена да ги стави своите капацитети на располагање и да обезбеди помош во справувањето со последиците на тешката железничка несреќа, онаму каде што Грчките власти ќе сметаат дека е потребно.

Треба да знаете
Последни објави