
Европската ракометна федерација (ЕХФ) реагирајќи на бројните критики на распоредот на натпреварите на Европското првенство кое се одржува во Шведска и Данска, одлучи во иднина да воведе измени за да можат ракометарите да имаат повеќе време за одмор.
„Распоредот на натпреварите на следното Европско првенство ќе бидат приспособени за да се намали оптоварувањето на играчите и да се обезбеди најдобра можна рамнотежа за сите учесници во однос на деновите за одмор и патување“, соопшти ЕХФ.
Според одлуката, за Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржи од 3 до 20 декември оваа година во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, распоредот ќе обезбеди одвоени денови за патување и одмор.
Исто така, за Европското првенство во ракомет за мажи во 2028 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија (13-30 јануари 2028 година), нема повеќе да се играат два натпревари во рок од два дена, додаде ЕХФ.
За Европското првенство во ракомет за жени во 2028 година во Норвешка, Данска и Шведска, како и за сите идни Европски првенства од 2030 година, ЕХФ е во преговори со организаторите за воведување четвртфинална фаза. Доколку ова се воведе, максималниот број натпревари (девет) ќе остане ист. Воведувањето четвртфиналиња ќе обезбеди секогаш да има минимум еден ден за одмор помеѓу натпреварите.
