Skip to main content
Македонија

Матичните гинеколози побараа итни промени во начинот на функционирање на примарната гинеколошка здравствена заштита

30/01/2026  18:03

Матичните гинеколози побараа итни промени во начинот на функционирање на примарната гинеколошка здравствена заштита, барајќи јасно да се разграничат бесплатните од услугите што се наплатуваат. Тие реагираа по контролите на Фондот за здравство, во кои беше утврдено дека дел од пациентките плаќале услуги покриени од државата.

Гинеколозите тврдат дека не станува збор за злоупотреби, туку за нејасни и несредени правила во системот, поради што бараат ревизија на договорите со Фондот. Од Министерството за здравство најавија дека ќе ги разгледаат барањата и дека упатствата ќе се усогласуваат со современите медицински стандарди.