Skip to main content
Свет

Зеленски: Украина планира членство во ЕУ до 2027 година

27/01/2026  17:24

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека сака Украина да стане полноправна членка на Европската Унија до 2027 година.

„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции, не само за нас, туку и за цела Европа“, истакна Зеленски, додавајќи дека колективната сила на Европа зависи и од економскиот и технолошкиот придонес на неговата земја. Оваа порака следуваше по неговиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека може да поминат уште неколку години до евентуалниот прием. Во меѓувреме, Украина и Русија одржаа директни разговори во Абу Даби со посредство на САД, додека медиумите како „Фајненшл тајмс“ шпекулираат за притисок од Вашингтон врз Киев за територијални отстапки во замена за мир.