Skip to main content
Македонија

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

24/11/2024  12:52

Постигнат е договор со најголем дел од банките, а каматата ќе биде 1,95% рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски.

„Имаме потврда веќе од неколку банките, очекувам најголем дел од банките да застанати позади овој проект. Односно овие 250 милиони конечно да бидат кај оние на кои им е најпотребно односно стопанството. Договорена е камата од 1,95% со грејс период од три години“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Компаниите ќе имаат до 15 години рок на отплата.

„Ценам дека ова е исторски договор со историски најниска каматна стапка , рече Мицскоски и додаде дека условите се да се има минимум 20% сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра.“, рече Мицкоски.