Skip to main content
Хроника

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци 

22/01/2026  12:12

Опожарени се две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци, потврдија од Противпожарната служба за МИА, откако утрово избувна пожар. Од Територијалната противпожарна единица појаснија дека изгорел покривот на двете хали, но за среќа, реагирале навремено. 

– Добро е што нема поголеми штети и што огнот не се прошири на соседните хали. Дејствувавме со три противпожарни возила и девет пожарникари, соопштија од ТППЕ Кавадарци. 

Пожарот е под контрола, но пожарникарите остануваат на терен за будно да ја следат состојбата.