
Околу 3.000 станбени згради во украинскиот главен град Киев сè уште се без греење по руските воздушни напади оваа недела, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
„Од утрово, речиси 3.000 повеќекатници во главниот град остануваат без греење“, напиша тој на Телеграм.
Кличко додаде дека снабдувањето со топлина е обновено во 270 згради во Киев преку ноќ.

