Skip to main content
Македонија

Од утре влажен бран со магла

16/01/2026  17:12

Утре се очекуваат слаби локални врнежи од дожд во пониските предели, додека на повисоките места и планините ќе паѓа снег. Во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -2 до 2 степени, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 2 до 6 степени, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаби локални врнежи од дожд и можност за магла.

Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, а максималната ќе достигне до 5 степени. За време на викендот, на пониските места ќе продолжат слабите врнежи од дожд, додека во повисоките предели се очекуваат врнежи од снег. Во понеделник и вторник следува краткотрајно стабилизирање на временските услови, но од среда повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег. Од утре па сè до крајот на неделата ќе постојат услови за појава на магла во одредени котлини, а дневните температури ќе покажат тенденција на постепено опаѓање.